Почитувани студенти,
Во врска со соопштението за можност за пракса во ТАВ Македонија, ве известуваме дека на 29.03.2018 (четврток) со почеток во 14 часот во предавалната Ашик Челеби ќе се одржи работна средба меѓу претставниците на ТАВ Македонија и заинтересираните студенти на Катедрата.
Се молат сите заинтересирани студенти за пракса да присуствуваат на овој состанок, да дојдат на време и со подготвени прашања што ги интересира доколку имаат потреба од тоа.
Со почит,
Проф. д-р Октај Ахмед,
Раководител на Катедрата за турски јазик и книжевност.