СООПШТЕНИЕ (Часови на далечина)

Почитувани студенти,

Поради прекинот на наставата во рамките на мерките против коронавирусот КОВИД-19, а во согласност со препораката на Деканатот на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ дадена на 16.03.2020 година, од оваа недела наставата ќе се изведува електронски (учење на далечина).

Електронската настава потребно е да почне најдоцна до среда 18.03.2020 година.

Според тоа, наставата по предметите Морфологија на турскиот јазик и Синтакса на турскиот јазик ќе се изведе преку апликацијата СКАЈП (SKYPE).

Од студентите се бара следново:

  • Инсталирање на апликацијата SKYPE на мобилен телефон, таблет или компјутер (препораката е компјутер), отворање на сметка и подесување на аудио и видео сетинзите за непречено одвивање на наставата.
  • Додавање на професорот (oktayahmed@gmail.com) како контакт.
  • Во среда 18.03.2020 година ќе се изведе една тест-средба според следниов распоред:
    Морфологија на турскиот јазик 2 (турски): 12ч;
    Морфологија на турскиот јазик 2 (македонски): 12.30ч;
    Морфологија на турскиот јазик 4: 13ч;
    Синтакса на турскиот јазик 2: 13.30ч.
  • На часовите е потребно да се поседува тетратка и средство за пишување.
  • Учеството на часовите е задолжително.
  • Ве молиме на часовите да учествувате сами и од некоја тивка и убаво осветлена соба.
  • Поради ограничувањата на технологијата, студентот што сака да земе збор, без прекинување на говорот на професорот или другите студенти, најпрвин ќе треба да подигне рака.
  • Покрај себе може да имате кафе, чај или друг безалкохолен пијалок, но јадењето е забрането.
  • На тест-средбата ќе се разгледаат деталите за тоа кога и како ќе се изведува наставата.
  • Белешките од предавањата и понатаму ќе можете да ги симнете од www.oktayahmed.com.

Со почит,
проф. д-р Октај АХМЕД

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.