Соопштение: Прв час (02.10.2021)

Драги студенти,

Првиот час по предметите Морфологија на турскиот јазик 1-3 и Синтакса на турскиот јазик 1 во зимскиот семестар од академската 2021/2022 година ќе се изведе на 5 октомври 2021 година (вторник) на Универзитет со физичко присуство според дадениот распоред на часови.

Наредните часови ќе се изведат онлајн преку објавениот линк на платформата Зум (Zoom).

Молам во кампусот и на час да се придржуваме до дадените протоколи за време на пандемија.

проф. д-р Октај Ахмед

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.