СООПШТЕНИЕ (Откажување на електронската настава)

Почитувани студенти,

SKYPE поканата што ви ја пратив во врска со учењето на далечина, од вкупно 130 студенти кои ги следат моите предмети, само неколкумина ја прифатија. Ова навистина ме погоди.

Поради оваа незаинтересираност, Skype предавањата ги ОТКАЖУВАМ.

И понатаму неделните предавања ќе можете да ги симнете од адресата www.oktayahmed.com и за истите сте одговорни на испит. Задачите дадени на крајот на предавањата ќе треба дома да ги решите сами.

Во врска со предавањата, задачите или за било која друга тема, во било кое време можете да се обратите на предметниот наставник на адресите www.oktayahmed.com или oktayahmed@gmail.com.

По потреба, може да се оствари и видео повик, но само во претходно договорен термин.

Молам, останете дома!

Поздрав,
проф. д-р Октај АХМЕД

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.