Соопштение (во врска со испитните декади)

Почитувани студенти,

Известен сум дека во двете декади од јануарската (2012) испитна сесија ќе може да полагаат само студентите кои ги пријавиле испитите и чии имиња се наоѓаат на списоците за одредените испитни декади.

Поради тоа, се известуваат студентите дека доколку нивните имиња не се наоѓаат на списоците, нема да може да полагаат.

Доколку, пак, некој студент по грешка или самоиницијативно полагал испит кој не требал да го полага во одредената декада, тој испит ќе биде поништен.

Ве молам, сите проблеми и нејаснотии околу ова да ги расчистите со надлежните лица на Катедрата или со надлежните служби на Факултетот и тоа ПРЕД ИСПИТИТЕ.

Ви пожелувам успех.

05.01.2012

Проф. д-р Октај Ахмед

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.