Почитувани студенти,
Добивма понуда од ТАВ Македонија за реализирање на пракса за студентите од Катедрата за турски јазик и книжевност:
1. Програмата за пракса е наменета на студенти во периодот од мај до крајот на септември во одделот за прифаќање и испраќање на патници и давањето насоки и информации на патници на терминалот на Меѓународниот Аеродром Скопје.
2. Целта на оваа програма е студентите да бидат вклучени во работниот процес за да стекнат практично искуство на работа во голема интернационална компанија, да развијат вештини за комуникацијата со различни типови на клиенти/патници, како и комуникација на различни странски јазици, спроведување на анкети, учење и помагање во процесот на чекирање и бординг на патници, како и различни процеси во доменот на аеродромското работење поврзано со патниците.
3. Практичната работа на студентите би се одвивала од мај до крајот на септември и тоа по следните услови:
– Организиран превоз до/од Аеродромот.
– Организиран оброк + дополнителен мал оброк доколку се работи во смена од 12 часа.
– Праксата ќе се одвива во смени (вклучувајќи и ноќни смени по претходно даден месечен распоред).
– Праксата е неплатена.
4.Напомена: Пред почетокот на праксата на заинтересираните студенти, по закон ќе мора да се направи безбедносна проверка која трае 30-40 дена, па откако ќе се добие одобрение, ќе може да се определи датум за почеток на праксата.
5. Исто така, ќе биде потпишан договор за пракса со секој студент и ќе бидат назначени ментори кои ќе ги водат студентите за време на праксата и на крајот ќе биде издадена потврда за практичната работа со опис на праксата и покажаниот интерес.
Ако има потреба, за сите дополнителни прашања и за следните чекори во постапката, на Катедрата ќе одржиме кратка средба помеѓу претставниците од ТАВ Македонија и нашите заинтересирани студенти.
Прелиминарното пријавување ќе се врши кај Раководителот на Катедрата исклучиво по електронска пошта.
Со почит,
Проф. д-р Октај Ахмед,
Раководител на Катедрата за турски јазик и книжевност