Водич за онлајн испити (јуни-јули 2020)

Драги студенти,

Испитите по предметите Морфологија на турскиот јазик и Синтакса на турскиот јазик во испитната сесија во јуни и во јули 2020 година ќе се изведат на следниов начин:

  1. Испитите по предметите Морфологија на турскиот јазик 1-4 и Синтакса на турскиот јазик 1-2 ќе се изведат исклучиво онлајн преку апрликацијата SKYPE.
  2. Испитите ќе се изведат само во термините што ќе се дадат. Вон термините нема да се одржуваат испити.
  3. За да се полага, ќе треба да се кликне на следниов линк: https://join.skype.com/mzXLQhcflCjC
  4. Со оглед на тоа што се работи за канал, по кликнување на линкот, нема да ѕвони на другата страна. Почекајте така за да професорот ве прими на испит.
  5. Секој студент ќе мора да учествува на испитот со своето ИМЕ, ПРЕЗИМЕ, СЛИКА и вклучена КАМЕРА. Од друга страна, МИКРОФОНот ќе може да се вклучи дури откако професорот ќе ве прими на испит.
  6. Нагодувањата на камерата и микрофонот треба да се средат пред испитот.
  7. На онлајн испитот, студентот е потребно да се вклучи од тивка и убаво осветлена соба.
  8. Како писмен испит, најпрвин на студентот ќе му се даде една реченица за анализа (морфолошка или синтаксичка), која ќе треба да ја реши во живо.
  9. Потоа, како устен испит, студентот ќе добие три (3) теориски прашања.
  10. Оценката веднаш ќе му се соопшти на студентот и ќе се внесе во iKnow-системот.
  11. Со цел другите студенти да не чекаат многу, се очекува испитот да се заврши во едно разумно време како 10 минути.
  12. Прашања за испит на професорот ќе може да му се постават во стандардниот термин за онлајн консултации преку SKYPE секоја среда меѓу 13-14 часот.

Поздрав,
проф. д-р Октај АХМЕД

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.