Category Archives: Материјали

Е-книга: Вовед во морфологија на турскиот јазик (2008)

Книгата под наслов „Вовед во морфологија на турскиот јазик“ (2008, ISBN: 978-9989-724-53-4) во издание на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, веќе некое време ја нема во продажба. За да им се олесни на студентите од филолошката група („немајчин“) на Катедрата за турски јазик и книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ (УКИМ) во Скопје кои го слушаат предметот Морфологија на турскиот јазик, а секако и на сите други заинтересирани студенти, лингвисти и ентузијасти, истата е објавена на Academia.edu во PDF формат и слободно може да се симне од долниов линк (со задржани сите авторски права):

Вовед во морфологија на турскиот јазик (2008, PDF)

Клучни зборови:
морфологија на турскиот јазик, морфологија, морфема, наставки, видови зборови, турска лингвистика, Türkçenin morfolojisi, Türkçenin şekil bilgisi, Türkçenin biçim bilgisi, morfoloji, şekil bilgisi, biçim bilgisi, morfem, biçimbirim, ekler, kelime türleri, kelime sınıfları, sözcük türleri, Türkçe, Türk dili, Türk dilbilimi, Türk dil bilimi, Turkish morphology, morphology of Turkish, morphology of Turkish language, morphology, morpheme, suffixes, word classes, classification of the Turkish words, Turkish linguistics.