4. ДИМЕНЗИЈА

August 2, 2006

Езерце „Треска“

Напис под: Општо @ 1:56 pm

Езерце „Треска“. Денес бев. После повеќе години.

Наликуваше на напуштено место. Ништо не се одржува. Трева до колена. Објектите напуштени. Луѓе? Само ниска класа, кои не обрнуваат внимание на написот „Забрането капење“.

Прошетката траеше цели 5 минути. Не можев повеќе.

Поминував покрај гардеробите кои на времето беа преполни. Се чекаше пред врата. Ред.

Рестораните на 2 август целосно празни.

Кога се враќав, не можев со колата да одам во рикверц, оти позади се одмараше една крава. Само една од целото стадо. Тоа што требаше да биде спортски и рекреативен центар за Скопјанци, денес служи како пасиште за крави.

Се’ наликуваше на некој научно-фантастичен филм. Како да се враќав на местото после нуклеарна војна. Се’ е запустено.

Да се изгради таков проект во денешни услови е незамисливо. Езерцето „Матка“ и изградено во едно друго време. Кога се’ правевме со наши пари. Го изградивме со нашите „солидарни“ пари.

Кога веќе е изградено, само во Македонија може некој таков проект да биде целосно руинирано.

Голем срам.

Нема коментари »

Сеуште нема коментари.

RSS feed за коментарите на овој пост. TrackBack URI

Остави коментар

© Oktay Ahmed, 1997-2006. Powered by WordPress