Упсала

Од синоќа сум во Упсала, Шведска. Ќе учествувам на една научна конференција организирана од Универзитетот во Упсала.
Еве што се гледа од мојов прозорец во Akademihotellet.

Од синоќа сум во Упсала, Шведска. Ќе учествувам на една научна конференција организирана од Универзитетот во Упсала.
Еве што се гледа од мојов прозорец во Akademihotellet.
Денес во Веро купив средство против комарци во мало пластично шише, оти претходното ми се испразни.
Но, дома гледам на фискалната сметка пишува:
Средство РАИД за комарци.
Јас мислев дека купувам средство против комарци, а не за комарци
Последниве неколку недели, во банка, во пошта, по продавници, на повеќе места ми даваат „ганц“ нови пари.
Кога овие пари ги давам на друго место, плус ако се повеќето нови, веднаш им станувам сомнителен, па ги проверуваат парите да не се фалсификати.
И така, целава работа ме потсеќа на Нушиќевото дело…
Во извештаите на македонските медиуми честопати се среќаваат изрази како „во наредната 2007 година“.
Ако има „наредна 2007 година“, би требало да има и „оваа 2007 година“, како и „минатата 2007 година“, но и „предминатата 2007 година“, „2007 година од пред десет години“, и др.
Во 2006 година, 2007-та година е идно време, така да не може „идното време“ да има придавка која семантички има значење на „идно време“.
Членовите на Менса Македонија основаа уште еден СИГ (special interest group, група со специјален интерес): СИГ Македонски јазик.
Засега има само тројца членови.
Повеќе информации на сајтот на mailing list-ата на СИГ Македонски јазик.
Езерце „Треска“. Денес бев. После повеќе години.
Наликуваше на напуштено место. Ништо не се одржува. Трева до колена. Објектите напуштени. Луѓе? Само ниска класа, кои не обрнуваат внимание на написот „Забрането капење“.
Прошетката траеше цели 5 минути. Не можев повеќе.
Поминував покрај гардеробите кои на времето беа преполни. Се чекаше пред врата. Ред.
Рестораните на 2 август целосно празни.
Кога се враќав, не можев со колата да одам во рикверц, оти позади се одмараше една крава. Само една од целото стадо. Тоа што требаше да биде спортски и рекреативен центар за Скопјанци, денес служи како пасиште за крави.
Се’ наликуваше на некој научно-фантастичен филм. Како да се враќав на местото после нуклеарна војна. Се’ е запустено.
Да се изгради таков проект во денешни услови е незамисливо. Езерцето „Матка“ и изградено во едно друго време. Кога се’ правевме со наши пари. Го изградивме со нашите „солидарни“ пари.
Кога веќе е изградено, само во Македонија може некој таков проект да биде целосно руинирано.
Голем срам.
Многупати на ТВ слушам вести кои содржат зборови кои кај полабилните и емоционално незрелите луѓе создава омраза кон нешто. Тоа нешто може да биде влада, министер, народ, религија, припадник на било какво малцинство и др.
Гледајќи какви се луѓе кај нас може да бидат новинари, не се ни чудам што воопшто не ги третираат новинарите како некоја сила кај нас. Нашите новинари не се трендсетери на слободното изразување, туку на кичот. Земете го како пример Латас од ТВ Сител. Навистина навредливо однесување за гледачите.
Но, исто како и политичарите, и новинарите се дел од севкупните транзициски квази-вредности, па не се ни чудам што се такви.
Од поодамна веќе собирам материјали за говорот на омразата во медиумуте. Се надевам дека некогаш и ќе напишам некој труд на оваа тема.
© Oktay Ahmed, 1997-2006. Powered by WordPress