4. ДИМЕНЗИЈА

May 12, 2007

КАКВА ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕ?

Напис под: Лингвистика @ 1:21 pm

JT.jpg Честопати по електронските и печатените медиуми може да се сретне изразот „нелегална трговија со луѓе“.

Аман бе, неписмени новинари, зарем има „легална трговија со луѓе“ за да има „нелегална трговија со луѓе“!?

Самиот израз „трговија со луѓе“ има негативен признак, а тоа, секако, е нелегално.

Придавката „нелегална“ во случајов не само што е редундантна, туку е и трагикомична.

August 12, 2006

ЗА ИЛИ ПРОТИВ?

Напис под: Лингвистика @ 7:05 pm

Денес во Веро купив средство против комарци во мало пластично шише, оти претходното ми се испразни.

Но, дома гледам на фискалната сметка пишува:

Средство РАИД за комарци.

Јас мислев дека купувам средство против комарци, а не за комарци :)

August 10, 2006

КОЈА 2007 ГОДИНА?

Напис под: Лингвистика @ 10:20 am

Во извештаите на македонските медиуми честопати се среќаваат изрази како „во наредната 2007 година“.

Ако има „наредна 2007 година“, би требало да има и „оваа 2007 година“, како и „минатата 2007 година“, но и „предминатата 2007 година“, „2007 година од пред десет години“, и др.

Во 2006 година, 2007-та година е идно време, така да не може „идното време“ да има придавка која семантички има значење на „идно време“.

August 9, 2006

СИГ Македонски јазик

Напис под: Лингвистика @ 8:32 pm

Членовите на Менса Македонија основаа уште еден СИГ (special interest group, група со специјален интерес): СИГ Македонски јазик.

Засега има само тројца членови.

Повеќе информации на сајтот на mailing list-ата на СИГ Македонски јазик.

August 1, 2006

Јазикот на омразата

Напис под: Лингвистика @ 9:34 pm

Многупати на ТВ слушам вести кои содржат зборови кои кај полабилните и емоционално незрелите луѓе создава омраза кон нешто. Тоа нешто може да биде влада, министер, народ, религија, припадник на било какво малцинство и др.

Гледајќи какви се луѓе кај нас може да бидат новинари, не се ни чудам што воопшто не ги третираат новинарите како некоја сила кај нас. Нашите новинари не се трендсетери на слободното изразување, туку на кичот. Земете го како пример Латас од ТВ Сител. Навистина навредливо однесување за гледачите.

Но, исто како и политичарите, и новинарите се дел од севкупните транзициски квази-вредности, па не се ни чудам што се такви.

Од поодамна веќе собирам материјали за говорот на омразата во медиумуте. Се надевам дека некогаш и ќе напишам некој труд на оваа тема.

© Oktay Ahmed, 1997-2006. Powered by WordPress