4. ДИМЕНЗИЈА

May 12, 2007

КАКВА ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕ?

Напис под: Лингвистика @ 1:21 pm

JT.jpg Честопати по електронските и печатените медиуми може да се сретне изразот „нелегална трговија со луѓе“.

Аман бе, неписмени новинари, зарем има „легална трговија со луѓе“ за да има „нелегална трговија со луѓе“!?

Самиот израз „трговија со луѓе“ има негативен признак, а тоа, секако, е нелегално.

Придавката „нелегална“ во случајов не само што е редундантна, туку е и трагикомична.

October 8, 2006

FREE HUGS

Напис под: Општо @ 7:54 pm

Еве пример за одлична „граѓанска“ акција. По цел свет се организираат кампањи за изразување љубов, насловени како „Free Hugs“.

Ова спотче денес на Технорати беше рангиран на прво место.

Погледнете го спотот до крај.

Се надевам некој ќе организира нешто вакво и кај нас…

October 2, 2006

ЗАПАЛЕТЕ СВЕЌА ЗА ЗЛОУПОТРЕБУВАНИТЕ ДЕЦА НА ИНТЕРНЕТ

Напис под: Општо @ 8:24 pm

Ве молам да запалете една, само една свеќа за децата кои невино се злоупотребуваат на интернет секој ден.

За да запалете свеќа, потребно е да ја потпишете петицијата тука.

September 8, 2006

PET SHOP BOYS во СКОПЈЕ

Напис под: Општо @ 11:34 am

По повод ребрендирањето на првиот македонски мобилен оператор Мобимак во T-Mobile, на градскиот плоштад во центарот на Скопје, познатата британска поп-група Pet Shop Boys одржа 90 минутен концерт на отворено пред 50.000 публика.

August 16, 2006

Упсала

Напис под: Општо @ 9:40 am

uppsala1.jpg
Од синоќа сум во Упсала, Шведска. Ќе учествувам на една научна конференција организирана од Универзитетот во Упсала.

Еве што се гледа од мојов прозорец во Akademihotellet.

August 12, 2006

ЗА ИЛИ ПРОТИВ?

Напис под: Лингвистика @ 7:05 pm

Денес во Веро купив средство против комарци во мало пластично шише, оти претходното ми се испразни.

Но, дома гледам на фискалната сметка пишува:

Средство РАИД за комарци.

Јас мислев дека купувам средство против комарци, а не за комарци :)

August 11, 2006

СВЕЖИ ПАРИ

Напис под: Општо @ 2:17 pm

Последниве неколку недели, во банка, во пошта, по продавници, на повеќе места ми даваат „ганц“ нови пари.

Кога овие пари ги давам на друго место, плус ако се повеќето нови, веднаш им станувам сомнителен, па ги проверуваат парите да не се фалсификати.

И така, целава работа ме потсеќа на Нушиќевото дело… ;)

August 10, 2006

КОЈА 2007 ГОДИНА?

Напис под: Лингвистика @ 10:20 am

Во извештаите на македонските медиуми честопати се среќаваат изрази како „во наредната 2007 година“.

Ако има „наредна 2007 година“, би требало да има и „оваа 2007 година“, како и „минатата 2007 година“, но и „предминатата 2007 година“, „2007 година од пред десет години“, и др.

Во 2006 година, 2007-та година е идно време, така да не може „идното време“ да има придавка која семантички има значење на „идно време“.

August 9, 2006

СИГ Македонски јазик

Напис под: Лингвистика @ 8:32 pm

Членовите на Менса Македонија основаа уште еден СИГ (special interest group, група со специјален интерес): СИГ Македонски јазик.

Засега има само тројца членови.

Повеќе информации на сајтот на mailing list-ата на СИГ Македонски јазик.

August 2, 2006

Езерце „Треска“

Напис под: Општо @ 1:56 pm

Езерце „Треска“. Денес бев. После повеќе години.

Наликуваше на напуштено место. Ништо не се одржува. Трева до колена. Објектите напуштени. Луѓе? Само ниска класа, кои не обрнуваат внимание на написот „Забрането капење“.

Прошетката траеше цели 5 минути. Не можев повеќе.

Поминував покрај гардеробите кои на времето беа преполни. Се чекаше пред врата. Ред.

Рестораните на 2 август целосно празни.

Кога се враќав, не можев со колата да одам во рикверц, оти позади се одмараше една крава. Само една од целото стадо. Тоа што требаше да биде спортски и рекреативен центар за Скопјанци, денес служи како пасиште за крави.

Се’ наликуваше на некој научно-фантастичен филм. Како да се враќав на местото после нуклеарна војна. Се’ е запустено.

Да се изгради таков проект во денешни услови е незамисливо. Езерцето „Матка“ и изградено во едно друго време. Кога се’ правевме со наши пари. Го изградивме со нашите „солидарни“ пари.

Кога веќе е изградено, само во Македонија може некој таков проект да биде целосно руинирано.

Голем срам.

Наредна страна »

© Oktay Ahmed, 1997-2006. Powered by WordPress